Украл сообраќаен знак, фрлал со предмети кон возила и се заканувал на полициски службеници

05.07.2023 17:13 | Сузана Николиќ

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“. 

Украл сообраќаен знак, фрлал со предмети кон возила и се заканувал на полициски службеници

„Пријавениот во мај годинава кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со  тврди предмети кон нив. Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk