Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Разбојници украле оружје и алкохолни пијалaци oд куќа во кумановското село Дренaк.
Кражбата се случила од 5 до 17 септември, годинава, додека сопственикот П.К.(49) од селото Тромеѓа не бил во куќата. Кога отишол видел дека некој влегувал внатре откако насилно ја отворил влезната врата од куќата. При тоа од трите простории одзел ловна пушка марка „Црвена Застава“ калибар 12 мм, еден реденик со муниција, како и разновидни алкохолни и безалкохолни пријалоци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Причинета била материјална штета од околу 20.000 денари.
СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk