Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители ја скршиле влезната врата во селската црква во Габрше и ги украле парите од иконите и продажбата на свеќи.
Кражбата ја откриле луѓето кои го одржуваат верскиот објект и пријавиле во полиција.
„Во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во с. Габреш, Општина Куманово и биле одземени пари. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.
Пред десетина дена слична кражба имаше и во мастирската црква во Забел.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk