Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Идејата на проектот „На патот“ е да создаде услови уметноста да излезе од галериите и да се доближи до обичниот човек.
Живеејќи во време кога луѓето немаат интерес да се посветат на уметноста, уметниците мора да направат компромис и своите дела да ги изложат пред публиката на друг начин. Токму затоа, комисијата ангажирана во изведбата на проектот ја прифати идејата на академискиот сликар и конзерватор Валентина Илијевска своите уметнички сфаќања да ги претстави на улица.
„Комбинирајќи ја идејата за актуелизирање на проблемот со аерозагадувањето и важноста од зачувувањето на зеленилото во градот, таа изврши конзервација врз дрвјата со цел да ги заштити од болестите кои континуирано ги напаѓаат, но во исто време, врз нив изврши и уметнички интервенции за да го разбие сивилото во центарот на градот, особено видливо во зимскиот период“ , -велат од „ЛАГ Абер 2015“.
Нејзиното дело „Улица на виножитото“ е директно инспирирано од некои добро познати инсталации (на пр. Blue trees на Димопулос) и ефективно го освојува окото на минувачот. Се надеваме дека ваквиот начин на творење ќе ги предизвика кумановските уметници да продолжат со своето творештво на неконвенционален начин.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk