Улицата „200“ во населбата Карпош доби асфалт

20.04.2016 15:17 | KumanovoNews

По неколку децении жителите на улицата 200 во населбата Карпош, ќе одат по нов асфалт.

Улицата „200“ во населбата Карпош доби асфалт

Дупките наскоро ќе бидат минато за мештаните кои живеат во оваа населба. Овој зафат е дел од проектот за санација и одржување на патната инфраструктура во градот и периферијата. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски потсети дека годинава е планирано да бидат асфалтирани околу 28.000 квадратни метри на ниво на општината, како поставување на околу 15.000 квадратни метри бекатонски плочки.

Куманово оваа година одлучи да оди на поситни инфраструктурни проекти со цел да ги решава проблемите на приградските населби, тоа е дел од нашата агенда. Минатата година работевме реконструкција на централното градско подрачје. Ова е трета улица во населбата Карпош -изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Мештаните на Карпош  истакнаа дека се задоволни од потегот на локалната самоуправа. Тие се радуваат што по повеќегодишните ветувања, овој проблем ќе биде минато.

Околу 40-ина домаќинства на оваа улица добија асфалт, што е за пофалба. Улицата претходно не беше асфалтирана, тоа ни претставуваше голем проблем, имаше многу прав, ударни дупки-изјави еден жител на улицата 200.

Градоначалникот на Куманово, најави дека за неколку дена треба да започне и санација на ударните дупки и одбележувањето во градското подрачје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk