Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улицата „Братство Единство“ во Куманово, која води од градската џамија до автобуската станица, повеќе од една година нема тротори.
Просторот каде што треба да се движат пешаците е ископан и наполнет со земја, обраснат во трева или узурпиран од автомобили.
На оваа улица се наоѓаат неколку клучни институции и установи во градот, општински служби, градинка, старски дом, градски парк, јавно претпријатие, поради што фреквенцијата на возила е многу голема.
Од немањето на слободен простор за движење засегнати се сите граѓани, но најмногу родителите кои водат деца во градинка со количка или пешки.
„Не е безбедно. Улицата е тесна, со остра кривина, ама внимаваме. Гледам да го претрчиме овој простор колку можеме побрзо, а потоа се движиме низ паркот. Покрај автобуската станица исто така нема тротоар, таму секогаш е гужва, а се вози брзо“, вели една повозрасна кумановска која со внучето се враќаше од градинка.
Улицата „Братство Единство“ беше реконтруирана на крајот на 2022 година и за неа беа потрошени 11.805.310 денари или околу 200.000 евра општински пари, откако предходно преку проект за прекугранична соработка со Ѓњилане беше изградена атмосферска канализација, која чинеше 270.000 евра.
Со реконструкцијата беше најавено дека ќе се постават два слоја асфалт, едниот од седум сантиметри, вториот од четири, ќе се санираат и нивелираат шахтите, тротоарот ќе биде висок со 18/24 бетон, додека кај градскиот стадион ќе биде уреден паркинг простор.
„На толку пари и на толку ветувања ништо не направија. Како и се друго во градот, почнато и недовршено. Доаѓа пролет луѓето повеќе се движат пешки, нека не се играат, имаат толку пари да го завршат тотоарот додека не се случила некоја несреќа“, порача случаен минувач.
На седница на совет кога се гласаше буџетот беше кажано дека се предвидени средства за изградба на троторот во оваа година. Од Општина Куманово велат дека досега не е направна јавна набавка, а не знаат дали тоа ќе се случи во текот на годината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk