Улицата “Перо Чичо“ поправена

25.12.2014 11:07 | KumanovoNews

По поплаките на граѓаните и пишувањата на “Кумановоњуз“ за дупките на улица “Перо Чичо“, општината во најкраток можен рок го поправи делот кај крстосницата над Школска амбуланта.

Улицата “Перо Чичо“ поправена

Граѓаните велат дека се пријатно изненадени од брзата реакција на локлната администрација, но бараат повеќе внимание за инфраструктурата во градот, посебно на фреквентните улици во централното градско подрачје, бидејќи тие се огледало на градот.

Изненадена сум од брзата реакција на општината. Дупките се потполнети привремено до следниот дожд. Тој слој асфалт што го ставаат мислам дека е тенок, плус многу камиони поминуваат и тоа е причината што улицава е оштетена. Треба целата улица да се среди, тротоарите гледате какви се, газиме кал. Оваа е фреквентна улица, поминуваат многу возила и деца за на училиште - вели Славица Копевска Димитријевска, жител на улица “Перо Чичо“.

Дел од граѓаните сметаат дека улицата наместо да се “крпи“, треба да се изгребе и одново да се асфалтира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk