Улиците лизгалишта- на хирургија врие од пациенти

09.01.2017 18:05 | KumanovoNews

Стотина кумановци побарала помош на хируршкото одделение во Општата болница Куманово, поради повреди задобиени од паѓање на замрзнатите улици и тротоари во последните 4 дена.

Улиците лизгалишта- на хирургија врие од пациенти

Најлошо поминале триесетина од нив, кои добиле скршеници по телото, па завршиле во гипс или во болница.

„ Петмина пациенти се здобија со сериозни фрактури по телото, скршен колк, прсти или ребра и се пренесени на клиниките во Скопје или задржани се на лекување во нашата болница. На 29 луѓе ставен им е гипс и пуштени се на домашно лекување, а 58 пациенти побараа помош поради повреди од пад, пред се шинување, истегнување на мускул, нагмечување на одреден дел на тело и сл. Се работи за лица од сите генерации повозрасни, млади и деца. Имаме многу работа, - велат од хируршкото одделение во Општата болница Куманово.

Најмногу скршеници имало во петокот кога падна првиот снег, за времето на празниците бројот се намалил, а од утринава повторно е во пораст. Постарите лица при падот ги кршат колковите, додека децата и помладите прстите, зголобите и дланките, бидејќи при пад се задржуваат на рацете.

Во Куманово улиците и тротоарите се вистински лизгалиште, бидејќи снегот не е исчистен до крај, па се подмрзнати од ниските температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk