Улиците се асфалтираат со скромни количества асфалт со сомнителен квалитет, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

19.07.2017 12:31 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека неквалитетно и нестручно ги изведува градежните работи на улицата „Руѓер Бошковиќ“ во населбата „Перо Чичо“.

Улиците се асфалтираат со скромни количества асфалт со сомнителен квалитет, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„После 27 години оваа улица почна да се  асфалтира од страна на локалната власт, но тоа што го гледаме, тука се сложни и граѓаните и градежниците, е само обично замачкување и отворање на други проблеми. Нестручна работа, со соомнителен квалитет и доста скромни количества на асфалт.  Проблем се јавува и со нивото на шахтите и улицата кое не е усогласено, а и самиот асфалт се става на камена подлога која е неповолна и лесно може на следниот прв дожд да се случи подигнување на асфалтот предизвикано од поголеми количества на вода,- изјави Срѓан Ивановски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

 Според Ивановски граѓаните најмногу реагираат на нивото на улицата, поради што се плашат од поплави на дворовите и подрумските простории, поради немање на атмосферска канализација.

Тој го праша градоначалникот кој ќе одговара за нестручноста и непрофионализмот во изведувањето на работите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk