Улиците се мијат ноќе да се намали загадувањето на воздухот

14.11.2018 09:29 | KumanovoNews

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило” од синоќа, започна со акција за миење на улиците во централно градско подрачје. Оваа е една од мерките за намалување на загаденостна на воздухот.

Улиците се мијат ноќе да се намали загадувањето на воздухот

Ваквата превентивна акција ќе продолжи и во наредниот период.

- Ќе започнеме интензивна акција во вечерните часови за миење на улиците во централното градско подрачеје. Сметаме дека со оваа мерка ќе придонесеме да се намали загаденоста на воздухот, - изјави директорот Даниел Стојчевски.

Тој информираше дека завчера започнале со чистење на дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“, по кој знае која пат, откако добиле поплаки од населението дека несовесни граѓани постојано ја палат.  Во наредните денови ќе се чисти и депонијата на т.н. Светиниколски пат, кај веоените магацини.

 Од вечерва ќе започне и аеросолизација за намалување на загадувањето на воздухот во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk