Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред стамбениот комплек „Сума“ утре ќе се одржи улична уметност и музика наменет за најмалите, со цел да се доуреди простор околу зградата.
Насловен е како „Сума Сумариум“, а организиран од Здружението за ликовна уметност „Форма“ Куманово, „Диекастклуб“, „Кју Рекордс“ и неформалниот забавен спортски клуб „СУМА - Наша маала“.
Настанот започнува во 12 часот , а планирано е да трае до 18 часот.
„Пред самиот влез на Сума ќе се одржи „Сума Сумарум“ настан, кој ќе биде запознавање на деца со графити и мурали, а вооедно ќе има и изложба на колички 1:64 размер. Предвиден е и штанд со грамофонски плочи, а за музика ќе биде задолжен локалниот диџеј Пуца Череп. Во соработка со станарите на „Сума“ дојдовме до идеја да го завршиме почнатиот проект од 2022, од кога и започна другарувањето со станарите“, истакнува Горан Стојанов, од „Форма“ Куманово.
Во исцртување на просторот ќе се вклучат и децата, кои под надзор ќе имаат можност да научат што се графити и кои се техниките за нивна изработка. Со овој настан ќе се заокружи идејата за урбано уредување на просторот во строгиот центар на градот, место каде станарите од сите возрасти се вклучени во уредување и одржување на заедничкиот простор. Во градот Сума стана синоним за соседско дружење, спорт и рекреација.
„Сума Сумариум“ е настан од отворен тип на кој се поканети сите заинтересирани граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk