Улични атлетски трки по повод 11 Ноември

07.11.2019 12:33 | KumanovoNews

Општински сојуз на спортови и Атлетскиот клуб Куманово, во недела организираат три улични атлетски трки, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

Улични атлетски трки по повод 11 Ноември

Првата трка e мултиетничка инклузивна трка со ревијален карактер, ќе започне во 12 часот, а ќе настапат околу 100 деца од основните училишта.

Во 12. 30 часот ќе започне натпреварувачката трки за ученици од основните и средни училишта од градот, а половина час подоцна е и главна трка во сениорската категорија.

Организаторите велат дека се поканети сите училишта да испратат свои претставници, а се очекува масовно учество и на граѓаните.

На првата трка можат да се пријават сите училишта со по шест ученици  од различни националности, со  ученици што немале можност да учествуваат во спортот и ученици со посебни образовни потреби.

Заинтересираните можат да се пријават, а воедно и да добијат подетални информации за спроведувањето на штафетата на меилот [email protected] најдоцна до петок.

За најдобрите 3 ученици ќе има награди, диплома, медаља и маичка.

По завршувањето на натпреварите ќе има кратка забава, на плоштадот, со музика и танцови точки, а потоа ќе бидат прогласени и наградени најдобрите ученици од трките.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk