Улогата на жената во безбедноста на заедницата

15.06.2016 13:24 | KumanovoNews

„Влијанието и улогата на жената во безбедноста на зедницата“ беше тема на работилницата што денеска ја организираше ОБСЕ и СВР Куманово.

Улогата на жената во безбедноста на заедницата

На трибината учествуваа жени од повеќе реони и населби во градот кои дадоа свое видување за безбедноста во општината.

„Вклучување на жените во овие работилници е со цел и тие да дадат придонес во што подобро откривање и спречување на кривични дела, да посочат за прекршувања на јавниот ред и мир, и со сугестии да придонесат за подобрување на сообраќајот во Куманово, а со тоа и на вкупното живеење во локалната заедница,- изјави Марјан Павличек,  од СВР Куманово.

Вакви трибини ќе се одржат во сите општини во североисточниот регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk