“Ултра“ собра 11 награди на “Македониjа опен 2014“

31.03.2014 13:36 | KumanovoNews

Студиото за модерен танц “Ултра„ викендов се закити со 11 награди на меѓународниот танцов натпревар “Маседониjа опен 2014„ во Скопје.

“Ултра“ собра 11 награди на “Македониjа опен 2014“

Членовите на “Ултра“ во повеќе категории освоија 9 први, 1 второ и 1 шестто место.

Задоволни сме од резултатот и ќе се потрудиме на наредниот натпревар кој е во мај да бидеме уште по уиграни и со подобри кореографии. Ова е досега најголем меѓународен натпревар во Македонија. Имаше силна конкуренција на натпреварот. Учествуваа 28 клуб и имаше околу 2000 учесници - вели Александра  Димитриевска, директор и кореограф во “Ултра“.

На натпреварот учествуваа млади танчери од повеќе балкански земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk