Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово учествувал на изложба на фотографии што одржала во Музејот на фотографија во Марибор, Словенија.
Настанот се организирал по повод денот на Франц Прешерн, а кумановските фотографи биле гости на збратимениот Фото Клуб „Марибор“.
„Словенската публика имаше можност да присуствува на отворањето на клубската изложба на уметничка фотографија „Луѓе”. Отворањето започна со изведба на традиционални македонски ора во организација на Mакедонско културно друштво „Билјана” во Марибор како знак за топло добредојде. На изложбата имаше изложено околу 30-тина фотографии од повеќе автори/членови на ФКК „Козјак” и имаше голема посетеност“, соопштуваат од ФКК Козјак.
Членовите на ФКК „Козјак” во неколку дневниот престој освен што имале фотографско дружење со членовите на Фото Клуб „Марибор” ја посетиле и самостојната изложба на Јоже Маринич „Рефлексии на моментот”, поставката на Фото Грац Избор– 5 и фтографските дела на Метка Кавчич.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk