УМС: Младите масовно да излезат на избори

25.04.2014 12:08 | KumanovoNews

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика младите од градот  масовно да излезат на престојните избори и да гласаат за претседателскиот кандидат и листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС: Младите масовно да излезат на избори

Куманово сврте нова страница, Куманово и на предходните избори знаеше да направи разлика, а сега веќе ја потврди. ВМРО-ДПМНЕ извојува значајна победа во Куманово во првиот круг од претседателските избори, а ќе извојува уште позначајни во недела. Ние ветуваме она што можеме да го оствариме.  Покажавме дека кога нешто ќе биде ветено, истото може и мора да биде исполнето. За нашата општина има значајни проекти кои ќе го подобрат животот на секого- изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој апелираше до сите граѓани, посебно малдите, масовно да излезат во недела на 27 април и во мирна, фер и демократска атмосфера, како во првиот круг на претседателските избори да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и да слават голема победа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk