УМС на ВМРО - ДПМНЕ ги слушна идеите на кумановци

22.09.2014 12:12 | KumanovoNews

Членови на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ Куманово вчера разговараа со случајните минувачи и собираа идеи за решавање на предизвиците со кои се соочува државата.

УМС на ВМРО - ДПМНЕ ги слушна идеите на кумановци

Од партијата велат дека нивна цел е подобрување на стандардот на граѓаните, а пред се на младите луѓе.

“Голем број на млади луѓе дадоа своја идеја за подобро Куманово и со тоа му дадоа црвен картон на градоначалникот кој не прави ништо, како за градот, така и за младите во градот. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Со тоа прерасна во современа организација со квалитетни идеи и квалитетни проекти и стана знчаен фактор во донесувањето на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ за креирање на иднината на својата земја“ - вели Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

Од УМС велат дека продолжува трендот на отворени врати кој ќе донесе политика на постојано унапредување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk