УМС на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца во политички цели, обвинија младите на СДСМ

17.07.2018 09:44 | KumanovoNews

Младите на СДСМ Куманово ги обвинија политичките опоненти од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, дека реформските процеси ги започнале со прекршување на законот, односно на првата прес-конференција на новоизбраниот претседател присуствувало момче од 15 години, што претставувало класична злоупотреба на малолетни лица.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца во политички цели, обвинија младите на СДСМ

„Злоупотребување на малолетни лица со ширење на национализам и лажен патриотизам не води никаде. Очигледно е дека реториката на Груевски уште долго време нема да биде искоренета од концептот на ДПМНЕ. На вашиот прес наместо да пропагирате национализам, требаше да прочитате дел од вашата програма со што би ја стимулирале младата популација“, - изјави Мартин Захариев, портпарол на Социјалдемократската младина во Куманово.

Тој дополни дека, Владата предводена од СДСМ ќе продолжи со концептот еднакво општество за сите, пријателски однос со соседите и интеграција во евроатланското семејство, со цврста определба за влез во ЕУ и НАТО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk