УМСМ го одбележа денот на мајчин јазик

21.02.2012 15:34 | KumanovoNews

 Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Меѓународниот ден на мајчин јазик, денеска на Градскиот плоштад во Куманово отвори штанд на кој делеше флаери, а вечерва ќе одржи трибина на која ќе се говори за значењето и зачувувањето на македонскиот јазик.

УМСМ го одбележа денот на мајчин јазик

Доколку кај некој млад човек настапи дилема и можеби свесно или несвесно го постави прашањето зашто говарам македонски, одговорот би бил едноставен и јасен. Тоа е јазик на кој говореле нашите предци и е наследство на нашите потомци. Само на тој начин преку развивање на свеста за зачувување и говорење на мајчиниот јазик, македонската младина може да се нарече младина со светски вредности- рече претседателот Срѓан Ивановски.

По повод  овој ден, на социјалните мрежи младите на ВМРО-ДПМНЕ своите лични имиња и презимиња од латиница ги напишале на кирилица.  Трибината вечерва ќе се одржи во Центраот за култура во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk