Унгарец починал во автобус на Табановце

25.08.2019 17:59 | KumanovoNews

Синoќа,  во 22.50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С.(71) од Унгарија.

Унгарец починал во автобус на Табановце

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија.

Известен е јавен обвинител. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk