Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарна акција

04.09.2015 12:33 | KumanovoNews

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, попладне на Градскиот плоштад организира хуманитарна акција под мотото “Биди хуман, донирај“.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарна акција

Штанд за донации ќе биде поставен од 18 до 21 часот, а сите хумани граѓани можат да донираат облека, средства за хигиена или играчки за сиромашни семејства.

Ги повикуваме сите хумани граѓани на Куманово, да дојдат и да донираат. Може да се донира гардероба, хигиенски средства или играчки за деца, може и училишен прибор, но нема да се собира храна или парични средства. Помошта ќе биде наменета за социјално загрозени семејства - рече Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Вакви акции се организираат во повеќе градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk