Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со трибина за борба против карцином

16.02.2016 11:06 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово ќе организира трибина на тема „Ние можеме, јас можам“.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со трибина за борба против карцином

Предавачи на трибината се докторите Јадранка Стаменковска и Томица Анчевски. Годинава Светскиот ден за борба против карциномот се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.

Кампањата е фокусирана на информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги, обезбедување здрава животна средина и да се повикување за унапредување на политиките по однос на ова прашање.

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК КУМАНОВО се приклучува на оваа иницијатива и организира едукативна трибина за заштита и превенција од канцерогените заболувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk