Уништена спортската и урбана опрема на терените околу Спомен костурницата

03.04.2023 10:38 | Сузана Николиќ

Уништен е поголем дел од урбаната и спортската опрема на Спомен костурницата во Куманово.

Уништена спортската и урбана опрема на терените околу Спомен костурницата

Слики од вандализмот споделија граѓани во саботата на социјалните мрежи. Од нив се гледа дека се откорнати стативите, скршени се склупите и кантичките за отпад.

Граѓаните реагираат на ваквата појава и бараат Општината да го заштити јавното добро со поставување на камери или физичко обезбедување.

Уредувањето на Спомен костурницата се спроведе преку проект за прекугранична  соработка на општините Куманово и  Гњилане,  „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“ помеѓу Косово и Македонија.  Вкупна вредност за двата проекти е 477.000 евра за партерно уредување на Спомен костурницата во Куманово и реконструкција на музејот во Гњилане.

Со проектот се изградени три спортски терени и амфитеатар на постоечкото игралиште.  

Кумановоњуз во ноември минатата година пишуваше дека граѓаните се жалат, затоа што спортските терени се под клуч и не можат да ги користат. Децата за да влезат на терените отстрануваа дел од жицата за да се провлечат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk