Уписите на првачињата ќе биде и онлајн од мај, најави министерката Царовска

18.04.2021 12:59 | KumanovoNews

Запишувањето на децата во прво одделение во мај ќе може да се направи и електронски, најави  министерката за образование и наука Мила Царовска.

Уписите на првачињата ќе биде и онлајн од мај, најави министерката Царовска

Преку порталот uslugi.gov.mk , родителите/старателите можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните документи за вакцинации и прегледи.

„Од мај стартуваат уписите во основно образование. Новиот концепт за реформата во основното образование е донесен, новите програми за прво одделение се донесени, објавени се конкурси за пишување на нови материјали за учење коишто треба да бидат на ниво на квалитет што го имаат развиените земји и на ова комплементарно е и услугата онлајн запишување на учениците од прво одделение. Сигурна сум дека родителите ќе ја искористат и дека ќе имаме помалку гужва во училиштата и ќе имаме современ пристап во запишувањето во основното училиште. Понатаму ќе работиме и на средното образование“, најави министерката Царовска.

(фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk