Управителка на млекара оштетила доверители

05.08.2015 13:18 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ј.П.(39) од Куманово, поранешен управител на млекара, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или повластување на доверители.

Управителка на млекара оштетила доверители

 Пријавената иако знаела дека нејзиното правно лице било со блокирана жиросметка од  УЈП, склучила договор за закуп на деловен простор со К.Д. во кој договор не исплатила 1.440 евра. Во ноември 2014 година, пријавената поднела предлог за отварање стечајна постапка на правното лице за која К.Д. не бил известен. За истата и не поднел побарување со што бил оштетен за вкупен износ 1.440 евра. Тој отпочнал извршна постапка, при што дознал дека фирмата е ликвидирана и избришана од Централниот регистар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk