Уредена уште една зелена површина во градот

17.10.2016 14:05 | KumanovoNews

Жителите на комплексот згради во месната заедница Б.С. Гојчо, добија нов уреден парк со урбана опрема клупи и лулашки за најмалите.

Уредена уште една зелена површина во градот

Акцијата за чистење на запуштената зелена површина се одржа вчера,  а ја организираше СДСМ со граѓаните и јавните претпријатија.

Апелирам до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема, бидејќи ако не се негува и чува, ако површините ги заштитуваме и фрламе како по депонии тогаш работата е залудна, затоа покрај нашите акции свеста на граѓаните да ја зачуваме природата и да го зачуваме градот – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, пак,  ги искритикува политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, кои не се приклучија на акцијата иако јавно беа повикани.

„Ја покажаа нивната дволичност затоа што знаат да напаѓаат, но кога ќе ги викнеме на заедничка акција ги нема. Меѓутоа сигурен сум дека граѓаните знаат да го ценат она што значи искреносст и доблест на политичките партии„ – истакна Костовски.

Акцијата за чистење и уредување на зелените површини во потесното градско подрачје ќе продолжи во Средорек.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk