Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово ја поддржаа акцијата на Жито Лукс за помош на детскиот оддел од Општата болница Куманово.
Акцијата се одржа во сабота на градскиот плоштад, настапија Мартија и други дечиња, додека млади уметници изработуваа цртежи за болничките соби.
„Првиот дел од донација покажа, а посетеноста на настанов уште повеќе ја потврди солидарноста на граѓаните на Куманово и нивната висока свесност за потребата од дополнителна помош за детското одделение во градската болница. Ова е дополнителна мотивација за нас како компанија да придонесеме и за идни вакви активности“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Хуманитарната акција е дел од кампањата на Жито Лукс преку која од секој купен производ од оваа компанија на територијата на Куманово и околината, компанијата одвојува средства за обезбедување на што подобри услови за престој и заздравување во детските болнички оддели.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk