Успешна крводарителска акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

16.07.2015 10:21 | KumanovoNews

Дваесет крвни единици се собрани за час и половина од почетокот на акцијата, а до 14 часот се очекува да се соберат двојно повеќе.

Успешна крводарителска акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, ги повикуваат нивните членови, симпатизери, но и граѓани да се вклучат во акцијата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и да даруваат крв.

Се прочистува нашата крв, а воедно спасуваме и нечиј живот. Акцијата започна во 10 и ќе трае до 14 часот, а очекуваме да собереме над 40 крвни единици. Досега има 20 крвни единици соберено, а  очекуваме после 12 часот да има уште 20 - изјави Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

Крводарителите кои денеска даруваа крв, ги повикуваат и останатите граѓани да почнат да даруваат крв бидејќи е  добро за здравјето и пред се е хуман чин.

На секои 4 месеци давам крв. Партиите ги ставам во втор план, а ова е да се изрази една хуманост. Ова е 86-ти пат како давам крв. Се чувствувам одлично. Кој се чувствува здрав и подготвен за овој предизвик треба да дава крв - рече Сашо Лазаревски, крводарител.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Ок Куманово, најавуваат дека ова лето ќе организираат повеќе спортски активности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk