Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет единици крв се собрани денеска на крводарителската акција што ја организираше здружението „Коледари„ во Куманово.
Акцијата се организира по 10 пат во чест на роденденот на музичката легенда Тоше Проески.
Многу сме задоволни од одзивот на крводарители, бидејќи се собрани рекордни 50 единици крв. Акцијата има за цел да ја потикне хуманоста кај луѓето и да не го заборавиме денот кога е роден нашиот голем пејач Тоше Проески, - изјави Дарко Доневски, од клубот Коледари.
Во акцијата се вклучија крводарители од АРМ, јавни претпријатија, невладини организации и граѓани. Акцијата се одржа во просториите на клубот „Коледари“ во населбата Карпош.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk