Уште 13 позитивни на корона во Куманово

10.07.2020 18:34 | KumanovoNews

 Уште 13 граѓани на Куманово се позитивни на коронавирус, а 28 се оздравени, покажуваат најновите податоци на Центарот за јавно здравје во Куманово.  Од почетокот на кризата досега во Куманово се регистрирани 831 заболен, од кои 164 се активни.

Уште 13 позитивни на корона во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19, од направени 1728 тестирања.

По градови: Скопје 60, Куманово 13, Дебар 17, Штип 10, Гостивар 23, Тетово 13, Струга 12, Свети Николе 29...

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица. Во Скопје 113, Охрид 57, Тетово 40, Струга 52, Куманово 28, Штип 15...

Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk