Уште 17 новозаболени и исто толку оздравени од коронавирус во Куманово

02.08.2020 13:11 | KumanovoNews

 Нови 17 заболени и ист број на оздравени пациенти од кронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Уште 17 новозаболени и исто толку оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 47, Куманово 17, Штип 23, Тетово 12, Гостивар 15, Кичево 12, Кавадарци 9, Македонски Брод 10...

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје 98, Куманово 17, Штип 25...

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054,  бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk