Уште 19 лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 67

20.03.2020 10:02 | KumanovoNews

По направените тестирања, во рамките на скринингот, позитивни на коронавирус се уште 19 лица.

Уште 19 лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 67

- Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот - 19 новозаболени на коронавирус - бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица, - објави министерот за здравство Венко Филипче.

Преку Институт за јавно здравје на коронавирус биле тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид - дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

Со ова, вкупната бројка на заболени во земјата е 67.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk