Уште 20 новозаболени од коронавирус во Куманово

12.11.2021 16:53 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа регистрирани се 469 новислучаи на ковид-19, а направени се 3.296 тестирања.

Уште 20 новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови: Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

 Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од: Скопје – 178, Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2, Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44, 60 и 77), по 2 починати лица од Велес (73 и 80) и Струмица (57 и 77) и по едно починато лице од Прилеп (73), Битола(73), Кавадарци (75), Кичево (77), Неготино (33) и Крива Паланка (82). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 91. 099 заболени и  3. 797 активни
Куманово 12. 607 заболени и 379 активни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk