Уште 8 новозаболени и 30 оздравени од коронавирус во Куманово

08.11.2021 20:00 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.309 тестирања.

Уште 8 новозаболени и 30 оздравени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 91, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 326 оздравени пациент од: Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 90218, Активни 3691
Куманово 12502, Активни 406
Тетово 11131, Активни 195.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk