Уште 5 нови случаи на ковид-19 во Куманово

10.06.2021 14:06 | KumanovoNews

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19. По градови од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Уште 5 нови случаи на ковид-19 во Куманово

Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68600, Активни 208

Куманово 8862, Активни 50

Прилеп 8315, Активни 32.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk