Уште 8 новозаболени и еден починат од кронавирус во Куманово

04.07.2020 19:38 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 8 новозаразени и еден починат од коронавирус.

Уште 8 новозаболени и еден починат од кронавирус во Куманово

На ниво на државата откриени се 147 нови случаи  од вкупно направени 1296 тестирања. По градови: Скопје 64, Куманово 8, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 7, Велес 5, Битола 4, Охрид 5, Гостивар 9, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово-1, Свети Николе 7, Кичево 4 и Ресен 4.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk