Уште четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

28.05.2020 11:44 | KumanovoNews

Нови 4 случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.

Уште четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на КОВОД-19. По градови - Скопје 24,  Куманово 4,  Штип 4, Тетово 3,  Битола 1 и  Неготино 2.

Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53) и истиот е позитивен на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти:

- Скопје 1

- Куманово 1

- Прилеп 4

- Велес 9

- Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk