Уште два дена гласање за Сајт на годината

03.12.2014 10:54 | KumanovoNews

Kumanovonews е во конкуренција за избор на Сајт на годината 2014 во категоријата вести и информации

Уште два дена гласање за Сајт на годината

Останаа уште два дена за гласање на најдобриот сајт на годината во Македонија. Кумановоњуз е номиниран во категоријата на вести и информации и се наоѓа под реден број 35.

Голем број на наши пријатели и читатели се јавија и ни кажаа дека го дале својот глас за најквалитетниот и најрелевантен сајт во градот. Ви благодариме на подршката, но ги повикуваме сите оние кои не го искористиле своето "гласачко „ право, да го сторат тоа во наредните два дена. Независно од резултатите Кумановоњуз ќе остане доследен на досегашната политика за навремено, брзо и точно информирање. Ние создаваме не препишуваме, тоа е мотото по кое го градевме нашиот професионализам во изминатите 6,8 години, така ќе остане и во иднина.

Гласањето ќе трае до 5 декември со внесување на електронска адреса на sajtnagodinata.mk. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Медиа Солушн и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по петти пат оваа година.

Резултатите ќе бидат објавени на 11 декември.

Изборот на Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk