Уште два нови случаи на ковид-19 во Куманово

21.07.2021 14:07 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на ковид-19.

Уште два нови случаи на ковид-19 во Куманово

По градови: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово –  1. Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1.
 
Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68777, Активни 92
Куманово 8895, Активни 17
Прилеп 8328, Активни 1
Тетово 7344, Активни 74.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk