Уште двајца позитивни на коронавирус од 20 тестирани во Куманово

09.06.2022 14:42 | Сузана Николиќ

Во Центарот за јавно здравје во Куманово во текот на вчерашниот ден регистрирани се два нови случаи на ковид-19, а направени се 20 тестови.

Уште двајца позитивни на коронавирус од 20 тестирани во Куманово

На ниво на државата регистрирани се 55 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.002 тестови. 

По градови во: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1.

Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово -  2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Неготино – по 1. Нема починати лица.

Во Куманово има 8 активни случаи на ковид-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk