Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца жители од Дебар се ново зарзаени од коронавиус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Се работи за соседи на тројцата жители од Дебар кои пред неколку дена беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје.
„Од сите испитани пациенти денеска - двајца се позитивни на корона вирусот. Тоа се двајца луѓе од Дебар, кои биле во непосреден контакт со тројцата претходно хоспитализирани. Биле комшии и имале чести контакти. Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во изолација и во домашно лекување. Нивната здравствена состојба дозволува да бидат на домашно лекување и да не бидат хоспитализирани“, потенцираше министерот Филипче.
Вкупниот број на заболени од коронавирус во Македонија се искачи на 9 лица, кои се сместени на Инфективната клиника.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk