Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус, објави Димитриевски

06.04.2020 19:03 | KumanovoNews

 Двајца кумановци ја изгубиле битката со коронавирусот, соопшти градоначаникот Максим Димитриевски во јавувањето на Топ тема на Телма.

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус, објави Димитриевски

 - Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово, рече Димитриевски.

 Двајцата мажи се на 52-годишна возраст. Едниот починал на Клиниката на инфективни болести во Скопје, а вториот бил на домашно лекување. На двајцата денеска им се влошила здравствената состојба и починале.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk