Уште еден починат од коронавирус во Куманово, тројца новозаболени

08.06.2021 12:36 | KumanovoNews

Уште еден починат од коронавирус е регистриран во дневната статистика на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово. Почина пациент е на 71-годишна возраст. Новозаболени се тројца пациенти од Куманово.

Уште еден починат од коронавирус во Куманово, тројца новозаболени

Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш - по 1.

Регистрирани се 32 оздравени пациент од: Скопје – 13, Радовиш - 4, Битола и Кратово – по 3, Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово - по 1.

Пријавени се вкупно 4 починати лица:  3 лица од Скопје (76, 76 и 77) и едно лице од Куманово (71).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68576, Активни 214

Куманово 8848, Активни 40.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk