Уште една измама со набавка на огревно дрво во Куманово

18.08.2022 12:00 | Сузана Николиќ

Повозрасна жена од Куманово вчера пријавила во полицијата дека е измамена при набавка на огревно дрво. Таа е само уште една жртва на изманици, кои оперираат низ градот и населбите и се претставуваат како продавачи на огревно дрво, при што целна група им се постарите кумановци.

Уште една измама со набавка на огревно дрво во Куманово

 „Седумдесет и шестгодишната жена, вчера во 17:15 часот пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва за поевтина цена на што таа се согласила и му дала половина од договорената сума, а другиот дел се договориле да му ги исплати откако ќе ги донесе дрвата. Лицето ги земало парите, но дрва не ѝ донело“, соопшти СВР Куманово. 

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатите неколку месеци се регистрирани повеќе вакви случаи, а нема информација дали некој од изманиците е откриен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk