Уште една измама со огревно дрво, 72-годишна жена останала без 100 евра

29.04.2024 08:38 | KumanovoNews

Седумедесет и двегодишна жена од Куманово вчера пријавила во полицијата дека била измамена за 6.000 денари, откако непознато лице и понудило да и продаде дрва за огрев. 

Уште една измама со огревно дрво, 72-годишна жена останала без 100 евра

Според пријавеното, откако се договориле и ги земал парите, изманикот заминал да ги донесе дрвата од складот во кој се наоѓале, и повеќе не се вратил. Откако жената сфатила дека е измамена пријавила во полиција. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измамата со продажба на огревно дрво е честа појава во изминатиот период во кумановско, а мета на измамниците најчесто се пензионерите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk