Уште една измама со огревно дрво, пензионер останал без 16.000 денари

15.10.2024 16:04 | KumanovoNews

Во Кумановската полиција вчера била пријавена нова измама со огревно дрво. 

 

Уште една измама со огревно дрво, пензионер останал без 16.000 денари

„78-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило
огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето го оставило  да чека и заминал во неговиот дом, каде што ги побарал парите од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk