Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и деветгодишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице при купување на огревно дрво.
Според пријавеното, во понеделникот околу 19 часот, измамникот дошол пред нејзината куќа и понудил да и продаде огревно дрво. Откако се договориле за цената жената му платила, по што наводниот продавач и кажал да го причека додека да отиде по камионот и да ги донесе дрвата.
Откако не се појавил подолго време жената сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на изминатите неколку месеци, повеќе лица пријавиле измама за огревно дрво. Измамниците најчесто се обраќаат кај повозрасните лица и пензионерите, како и жителите во селата, нудејќи им квалитетни дрва по пониска цена. Тие ги убедуваат дека цената ќе биде околу 2500 денари.
Од полицијата апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и да не даваат пари додека продавачите не им покажат документ за потеклото на дрвата и не им ги донесат пред куќа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk