Уште една кражба во Куманово , крадецот приведен

21.08.2023 12:44 | Жаклина Цветковска

Ноќеска, во Куманово се случила уште една кражба  за која е осомничен 42-годишен кумановец.

Уште една кражба во Куманово , крадецот приведен

Според сооштението на МВР, на 21.08.2023,  во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода  М.Д.(42) од Куманово, кој  се сомничи дека со употреба на сила влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети.

 Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а М.Д. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk