Уште една жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

01.03.2020 09:23 | KumanovoNews

 Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце.

Уште една жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Ова е шеста жртва од експлозијата. На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена. Со тешки повреди се  уште двајца од семејството, а на лекување се и десетгодишно дете и бремена жена.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk