Уште едно лице почина од повредите задобиени во сообраќајката кај Страцин

04.05.2020 09:08 | KumanovoNews

Две лица од кратовското село Железница го загубија животот, а едно лице од Битола е тешко повредено во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред с.Страцин.

Уште едно лице почина од повредите задобиени во сообраќајката кај Страцин

Според соопштението на МВР, сообраќајката се случила вчера во 9.40 часот помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и патничко возило „фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. од другото возило биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Ф.Ѓ. починал од задобиените повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk